Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона играше катастрофално синоќа против Валенсија во финалето од шпанскиот Куп, па на крајот загубија со 1-2, а во центар на внимание сега е и потегот на Иван Ракитиќ.
Каталонците загубија од Валенсија, па така останаа без уште еден трофеј, откако претходно испаднаа во полуфиналето од Лигата на шампиони од Ливерпул.
Многу критики беа испратни на сметка на тренерот Ернесто Валверде, но и на неговите фудбалери, меѓу кои беше и Иван Ракитиќ.
Ракитиќ, откако беше заменет, шутна едно шише во близина на клупата, па одби да се поздрави и да погледне било кој од останатите соиграчи и стручниот штаб на Барселона.
Одамна се шпекулира дека Ракитиќ ќе си замине од Барселона, а можеби со ваквиот потег само си „помогна“ во тоа, па наскоро ќе го видиме во некоја друга екипа.
„Нормално дека сум вознемирен. Ја почитувам одлуката на тренерот, но само сакав да помогнам“, кажа Ракитиќ по мечот.