Шпанија се бори за СП: Дури 15 стадиони се во конкуренција за домаќини!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Шпанија соопшти дека пристигнале кандидатури од 15 стадиони за организација на натпреварите од Светското првенство (СП) во 2030 година, доколку Мундијалот се одржи во таа држава и Португалија.

Вкупно 15 стадиони испратиле кандидатури за 11 натпревари во Шпанија, додека во Португалија ќе се играат дуели на три стадиони.

Во конкуренција за организација на средбите се стадионите на Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Селта Виго, Депортиво Ла Коруња, Спортинг Хихон, Атлетик Билбао, Реал Сосиедад, Сарагоса, Валенсија, Мурсија, Севилја, Малага, Лас Палмас и Еспањол.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се очекува да го избере домаќинот за Мундијалот во 2024 година.