Шпанија треба да игра против Косово, ама не го признава за држава!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во групата Б од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година ќе ираат Шпанија, Шведска, Грција, Грузија и Косово.

Шпанија е фаворит во групата, но внимание привлече тоа што во неа ќе игра и Косово, а Шпанците не го признаваат како држава.

Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека Шпанија никогаш досега не го признала Косово, но тоа не е единствената земја од групата, која има сличен став кон нашиот сосед.

Косово за држава досега не го признале ниту Грција, ниту Грузија, па само Шведска го смета за самостојна држава.