Шпанија не престанува да зборува за скандалот од Барселона, пораката на Феран одекна низ целата земја (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во Шпанија, главна вест утрово е скандалот кој се случи на синоќешниот натпревар помеѓу Барселона и Селта и тврдењата дека е поништен чист гол за Каталонците. Поради сето ова реагираше и Феран Торес, чија Инстаграм приказна одекна низ Пиринејскиот Полуостров.

Сепак, она што го обележа натпреварот на овие тимови го видовме на почетокот од второто полувреме.

Тогаш Феран Торес маестрално погоди на асистенција од Педри, но голот за 2:0 беше поништен поради наводен офсајд.

Меѓутоа, настана вистински хаос кога ситуацијата беше прикажана на повторената снимка, бидејќи многумина сметаат дека на Барселона ѝ е поништен чист погодок.

Поради сето тоа се огласи токму Феран, чииот приказен статус одекна во Шпанија, бидејќи го прозва и првиот човек на Ла Лига, Javier Tebas.

“Вау, какво око”, иронично порача Феран покрај фотографијата на споменатата ситуација.

.