Шпанска „Марка“ го откри новиот клуб на Мбапе


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Сапуницата за иднината на францускиот напаѓач Килијан Мбапе се ближи кон крајот, а шпанска „Марка“ објави дека трансферот е договорен и ќе биде наскоро потврден.

Шпанскиот медиум на насловната страна откри дека Мбапе од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Мбапе стана главна и примарна цел на претседателот Флорентино Перез, а договорот меѓу Реал и Французинот се очекува да биде потврден во јавноста во текот на следната недела.

По неуспешната офанзива и големиот број понуди на Насер Ал-Келаифи, Перез конечно ќе го добие тоа што сака.

Последните преговори меѓу клубот и фудбалерот беа интензивни и така шпанскиот гигант ќе добие големо засилување во нападот.