Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако мнозинството шпански професионални фудбалски клубови имаат силна база на навивачи и полни стадиони, едно е јасно, Шпанија најголемиот дел од времето е поделена на два големи табора. Оние кои живеат и дишат за Реал Мадрид и оние кои со сето свое срце ја следат Барселона.
Ривалството помеѓу двата најголеми клуба во светот не се одразува само на навивачите и играчите, туку често се провлекува и низ медиумите, експертите, па дури и низ судиските одлуки.
Оваа вечна тема, дали судиите се пристрасни кон една од страните, повторно излезе на површина откако проговори судиската легенда Едуардо Итурулде Гонзалез. Во ексклузивен разговор за Кадена СЕР, поранешниот меѓународен судија изнесе став кој предизвика бурни реакции.
„Деведесет отсто од судиите во Шпанија навиваат за Реал Мадрид, а десет отсто за Барселона“, рече Итурулде без задршка, нагласувајќи како ова е одраз на самата структура на шпанското општество, продолжувајќи:
“Без разлика дали им се допаѓа тоа на Барселона или не, околу 70 отсто од населението во Шпанија, со исклучок на Каталонија, навива за Реал Мадрид.”
















