Шпански „АС“ го испофали Перез: Три мајсторски потези!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид летово ќе се раздели со тројца фудбалери, а тоа се Герет Бејл, Марсело и Иско, кои не добиваат шанса кај тренерот Карло Анчелоти, но шпански „АС“ пишува и за другите потези на претседателот Флорентино Перез.

Шпанскиот медиум го пофали Перез дека направил добри одлуки со тоа што се разделил од Серхио Рамос, Рафаел Варан и Мартин Одегард.

Варан веќе се повреди трипати во дресот на Манчестер јунајтед, а не игра ниту добро во одбраната, па поради тоа Перез направил добар потег што се ослободил навреме.

Серхио Рамос сѐ уште не дебитирал за ПСЖ, па и тој се мачи со повреди и засега не е познато кога ќе се врати на теренот, иако има најави дека тоа би можело да се случи во декември.

Ниту на Мартин Одегард не му оди најдобро бидејќи во Арсенал не е во почетниот тим, иако пристигна како големо засилување.