Шпански „АС“: Нејмар донесе конечна одлука за својата иднина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Нејмар донел конечна одлука за неговата иднина. Бразилецот планира да потпише нов договор со ПСЖ, со што отпаѓа можноста да се врати во Барселона.

Бразилецот беше блиску до враќање во каталонскиот клуб во 2018 година, но тогаш Барселона и ПСЖ не можеа да се договорат за откуп.

ПСЖ го купи Нејмар во 2017 година за најголемата сума во историјата, односно 222 милиони евра. Сепак, шпанскиот медиум пишува дека парижаните за приоритет имаат да го задржат Килијан Мбапе и да потпишат договор со Нејмар.

Нејмар сака годишна плата од 30 милиони евра, но ПСЖ ќе се обиде да ја намали таа сума, односно да му понуди 25 милиони евра.