Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Реал Мадрид и Барселона денеска ќе играат од 22 часот натпревар за титулата во Кралскиот куп. Натпреварот ќе се одигра во Севиља, ова е 260. официјален дуел на овие две екипи и прв во финалето на Кралскиот куп од 2014 година, кога Реал победи со 2:1 и го освои трофејот.
Шпанскиот „АС“ истакнува дека настапот на Килијан Мбапе во натпреварот за титулата е под прашање. Францускиот напаѓач, кој постигна 32 голови во 49 настапи за Реал, е под прашање за натпреварот поради повредата што ја заработи во натпреварот против Арсенал во Лигата на шампионите. Се работи за извртен зглоб. Дали ќе игра и одигра како стартер зависи и од улогата на Лука Модриќ во овој натпревар.
Ако Мбапе не може да започне или воопшто да игра, Родриго ќе ја преземе улогата во напаѓачката линија. Во случај Французинот да биде подготвен, Родриго ќе премине во средниот ред, а Модриќ ќе остане на клупата, тврди As.
Фото: Принтскрин