Шпански „АС“: Се подготвува нова бура на „Олд Трафорд“, а ја предводи – Роналдо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед не остварува резултати какви што се очекуваше, а атмосферата во клубот и соблекувалната е лоша, поради караницата меѓу Кристијано Роналдо и тренерот Ралф Рангник.

Шпански „АС“ пишува дека Германецот нема поддршка од најважните фудбалери на Јуанјтед и дека новата бура во соблекувалната ја предводи Роналдо.

Искусниот напаѓач е лут поради тоа што Рангник кажа дека Португалецот мора да дава повеќе голови и да ја подобри ефикасноста во натпреварите.

„Во Манчестер се подготвува нова бура затоа што Рангник на крајот на сезоната треба да го напушти тренерското место и да стане спортски директор. Меѓутоа, по новите случувања, неговата иднина може да биде поразлична. Управата сака да избегне носење било какви одлуки додека Германецот не ја напушти клупата“, објави медиумот.