Шпански фудбалер и згодна манекенка им ја украдоа славата на Пике и Шакира (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марк Бартра цел живот беше во сенка на Жерар Пике, и тоа прво во екипата на Барселона, па во составот на Шпанија, а на крајот и на насловните страни, но конечно ги дочека своите „пет минути“.

Пике се раздели со Шакира, а Бартра е во центар на внимание поради неговата љубовна врска со манекенката и модната дизајнерка, Џесика Гојкоечеа.

Медиумите во Шпанија во претходните денови пишуваат за новиот љубовен пар, па така Бартра конечно излезе на насловните страни пред Пике.

Џесика е една од најзгодните и најпопуларните инфлуенсерки во Шпанија, па ја следат повеќе од 1,7 милиони фанови на социјалните мрежи.