Шпански фудбалер пронајден мртов меѓу вагони (Видео)

Фудбалерот на Кордоба, Алваро Прието бил пронајден мртов меѓу два вагони, откако во четвртокот исчезна по забава во Севилја.

Шпанската полиција соопшти дека 18-годишниот фудбалер загинал како последица од струен удар.

Фудбалерот наводно се обидел да помине меѓу двата вагони, кои не биле во функција неколку месеци, по што се случил струјниот удар.