Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Килијан Мбапе не ја започна кариерата во Реал Мадрид според очекувањата на шпанските новинари и навивачи на клубот. Тоа размислување често се појавува во тамошните медиуми, каде се истакнува дека францускиот напаѓач не игра на нивото на кое играше во ПСЖ.
Мбапе досега има постигнато 10 голови и две асистенции во 20 одиграни натпревари за Реал. Во клубот пристигна како слободен играч по 256 голови и 108 асистенции во 308 натпревари за ПСЖ. Многумина се прашуваат дали Реал го доби она што го сакаше бидејќи Мбапе ги постигнува головите не само од игра, а често промашува и пенали.
Во Реал очекуваат дека ќе проигра, но ништо не препуштаат на случајот. Така, Спорт пишуваше дека клубот го повикал својот поранешен играч и тренер Зинедин Зидан, сонародник и идол на Мбапе, со молба да му помогне на играчот со совети. Токму Зидан беше еден од оние што му го препорачаа Мбапе на клубот.
Токму како Мбапе денес, така некогаш на удар на критики беше и Зидан. Како и Лука Модриќ, потсети шпанскиот новинар Аксел Торес. И Зидан и Модриќ денес се легенди на клубот, со тоа што Модриќ е и најстариот играч кој играл за него, капитен и рекордер по бројот на освоени титули (27).
„Очекувам да ја смени ситуацијата во своја корист. Се сеќавам на првата сезона на Модриќ во Реал кога се зборуваше дека не учествува во натпреварите и дека не е доволно добар за Реал“, вели новинарот.