ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Притисокот на Реал Мадрид расте, а медиумите не се задоволни од тоа како изгледа Еден Aзар, иако сезоната уште не е почната. Прво му замерија зашто е дебел, а сега пишуваат дека не се вклопува во тимот.
Новинарот Сантјаго Сегурола во минатото работеше во „Марка“ и „АС“, а вели дека Зидан целосно промашил со засилувањата за следната сезона.
„Азар е хорор, целосно промашување. Па ние го критикувавме Бејл, но Белгиецот е уште полош во одбрана, нема никаков мотив“, пишува новинарот Сантјаго Сегурола.
Сепак, во медиумите доминира песимизмот по караницата на релација Флорентино Перез – Зидан и постојано се шпекулира дека Французинот размислува засекогаш да го напушти клубот од Мадрид.