Шпански новинар најави: Валверде ќе добие отказ, позната е неговата замена!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона не успеа да ја заврши сезоната со двојна круна, откако во саботата беа поразени со 1-2 од Валенсија во финалето на шпанскиот Куп.

Каталонскиот клуб имаше очајна завршница на сезоната во која успеаа да ја освојат само титулата во домашниот шампионат.

Иако тренерот Ернесто Валверде доби поддршка од управата по поразот од Ливерпул, сепак нема да му простат за неуспехот против Валенсија.

Шпанскиот новинар Жерар Ромеро објави утринава дека Валверде сигурно ќе добие отказ, па можно е тоа да се случи уште денеска.

Покрај тоа долго време се шпекулира дека Роберто Мартинез ќе биде нов тренер на клубот, а исто така би можел да се врати и Тјери Анри во Каталонија.