Шпански прволигаш испрати понуда за Барди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди летово најверојатно ќе си замине од Леванте, откако за неговите услуги интерес покажа грчки Олимпијакос, но сега во трката по потписот се вклучи и шпанскиот прволигаш Елче.

Барди беше пред трансфер во грчкиот гигант, но Олимпијакос може да остане без засилување, ако Елче со нивната понуда успее да направи пресврт.

Иднината на Барди се очекува да биде решена во следните денови, а негова желба е да остане во шпанската Ла Лига, каде што пристигна во 2017 година од Ујпешт за 1,5 милиони евра.

Барди веќе одби една понуда од американскиот тим ДЦ-јунајтед, додека Олимпијакос веќе понуди три милиони евра плус 1,5 милиони во бонуси за трансфер на македонскиот фудбалер.