Шпанскиот премиер даде зелено светло, познато кога се враќа Ла Лига!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска даде зелено светло за враќање на Ла Лига, и тоа од 8 јуни. Санчез ја извести нацијата за моменталната ситуација, додека рестриктивните мерки се наметнати поради пандемијата на коронавирусот.

Шпанскиот фудбал доби информација за конкретен датум по кој ќе биде возможно одигрување на натпреварите.

Санчез денеска соопшти дека професионалниот фудбал во Шпанија може да продолжи од 8 јуни, што значи дека ќе се испочитува претходно предложениот датум.

Многу веројатно е дека суспендираната сезона од Ла Лига ќе продолжи со големото дерби во Севилја, со мечот меѓу Бетис и Севилја.