Шпанските медиуми најавуваат враќање на Мурињо во Ла Лига


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Контроверзниот португалски стратег, Жозе Мурињо наскоро би можел да се врати во тренерската професија откако заработи отказ од Манчестер Јунајтед во декември минатата година.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, постои веројатност „Специјалниот“ следната сезона да го гледаме во шпанската Ла Лига.

Наводно за него постои интерес од тимот на Валенсија кој сака да го види португалскиот стратег на својата клупа.

Кандидат за клупата на Валенсија е и Давид Албелда, но секако дека Жозе Мурињо има поголема шанса да го преземе кормилото на „лилјаците“.