Шпанските медиуми открија каква одлука донел Зидан за Јовиќ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе го пушти Лука Јовиќ да замине на позајмица и така повторно да се врати во форма.

Шпанските медиуми пишуваат дека Јовиќ побарал од тренерот да замине од клубот, по што „кралевите“ немале избор освен да го пуштат на позајмица.

Рома е една од заинтересираните екипи бидејќи тие ќе останат без Един Џеко, кој ќе го засили Јувентус.

Доколку Јовиќ биде фудбалерот кој ќе го напушти Мадрид во овој преоден рок, тоа значи дека Мариано Диаз и Борха Мајорал ќе бидат алтернатива за Карим Бензема во нападот.