Шпанските медиуми со шокантна најава, Кавани реализира трансфер во Реал Мадрид?


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Реал Мадрид ја разгледува можноста да го ангажира Единсон Кавани кој во моментов е слободен агент по неговото заминување од ПСЖ/

Уругваецот двапати во овој преоден рок бил понуден на Барселона, но „каталонците“ не биле во можност да го ангажираат по сите перипетии што се случуваа во клубот.

Сега „Марка“ пишува дека Кавани бил понуден и на Реал Мадрид од страна на неговите агенти, а од актуелниот шпански шампион побарале време за да размислат дали сакаат да го ангажираат Кавани.

Фудбалерот се наоѓаше пред трансфер во Бенфика, но целата работа се изјалови поради неговите барања за плата, па сега тој се уште е во потрага по нов ангажман.