Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум се раздели со тренерот Шпетим Дуро по лошите резултати во завршницата на сезоната.
Дуро и Струга постигнале договор да ја прекинат соработката, а засега не е познато кој ќе го предводи шампионот во последните три кола од Првата лига.
„Струга ја информира јавноста дека е раскинат договорот со Шпетим Дуро. Му благодариме за неговиот придонес во периодот додека го водеше нашиот тим“, соопштија од клубот.
Во моментов, по 30 одиграни кола, Шкендија, Струга и Шкупи имаат по 58 бодови.