Штета: Македонија ја имаше победата во свои раце, но Словенија во последни секунди се спаси! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против Словенија на пријателскиот меч на Националната арена „Тодор Проески“ на која беа присутни и одреден број навивачи за првпат по долга пауза.

Словенците во завршницата на првото полувреме притиснаа кон нашиот гол, откако ние претходно имавме неколку шанси, но не ги искористивме и мрежите мируваа во првите 45 минути.

Во вториот дел Македонија ја презема контролата на натпреварот и тргна со сите сили кон голот на Словенија, а со одличен волеј Елиф Елмас ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0.

Потоа Македонија имаше уште неколку шанси, но одбраната на Словенија одигра на врвно ниво и се спаси и од втор погодок, но затоа казната стигна во шестата минута од судиското надополнување и погоди за 1-1.