„Што ако сум најскапо засилување? Не ми е гајле.. Важно го освоивме пехарот во ЛШ!“ 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалер и ѕвзда на Челси, Каи Хаверц синоќа постигна гол за победа на премиерлигашот во дуелот против Манчестер сити (1-0) во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Хаверц го постигна единствениот гол на натпреварот откако доби мајсторска асистенција од Мејсон Маунт, а истата ја претвори во гол.

Германецот по натпреварот не внимаваше премногу на неговиот речник на изразување откако новинарот му постави прашање, па кажа дека во моментот за него најважно е тоа што ја освоиле ЛШ.

„Најскапо засилување на Челси? Не ми е гајле за тоа. Важно ми е што ја освоивме Лигата на шампиони. Ова е неверојатно чувство за мене. Го чекав долго време и конечно успеав“, вели Хаверц.