Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид е подготвен за револуција.
По ремонтот комплетно во одбраната за кој се пишува веќе со месеци, сега е потребно да се пронајде соодветна замена за Антоан Гризман бидејќи се позивесно е неговото заминување од клубот.
Диего Симеоне ја загуби довербата во Диего Коста кој не нуди партии какви што се очекуваа од него, па не би било невозможно Атлетико да заработи приход и од неговата продажба.
Аргентинецот го пикираше Мауро Икарди кој се врати во тимот на Интер, но и натаму трае сагата околу неговата судбина. Спалети попушти и го врати во екипата, а мислењата во клубот се поделени.
Аргентинецот е проценет на 100 милиони евра што е сосема реална цена доколку Гризман замине од Мадрид.
Во позадина „Јорганџиите“ завршуваат важни работи во својот двор, па Јан Облак наскоро ќе добие нов договор според кој неговата откупна клаузула ќе се искачи од 100 на 150 милиони евра.
Словенецот според новиот договор би требало да инкасира 10 милиони евра по сезона, што би ги „избркало“ заинтересираните клубови кои не се малку на број.
Доколку ваквата замисла на клубот од Мадрид се исполни, Атлетико нема да биде ниту малку неконкурентен.