Што го спречува Саинц да избере нов тим за 2025 година?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Возачот на Ферари, Карлос Саинц заминува од италијанската екипа на крајот на 2024 година, а веќе се шпекулира каде би ја продолжил кариерата.

Саинц објасни дека промената на правилата за 2026 година ќе му создаде дополнителни компликации при изборот на неговиот нов тим.

Шпанецот се поврзуваше со Ауди, а последните информации се дека има рок до средината на мај за да каже дали ја прифаќа понудата.

„Отворени се сите опции затоа што немам договор за следната година, но мора да ги разгледам сите можности. Со оглед на промената на правилата во 2026 година, невозможно е да знаеме што ќе се случи, но сметам дека шампион ќе биде тој кој ќе направи паметна одлука и ќе се најде на вистинско место“, кажа Саинц.