Што ќе се случи со Гвардиола ако Манчестер сити биде исфрлен од Премиерлигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во изминатите денови се шпекулира дека Манчестер сити ќе добие казна поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј, а дури им се заканува и исфрлање од Премиерлигата.

Пеп Гвардиола има договор со „граѓаните“ до 2025 година, па многумина шпекулираа дека ќе си замине од тимот доколку Сити добие жестока казна.

Меѓутоа тоа не е вистина затоа што Гвардиола веќе донел одлука и се договорил со управата на премиерлигашот да потпише нов договор без разлика дали клубот ќе биде исфрлен во понизок ранг.

Одлуката на Гвардиола ги воодушеви навивачите на Манчестер сити, но воедно тој покажа колку е поврзан со гигантот од „Итихад“.