Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мадриѓаните изминатото лето останаа без првата виолина во тимот, Кристијано Роналдо, но ја пропуштија можноста да заработат и на по многумина неговиот наследник на „Бернабеу“.
Марко Асенсио имаше одлична измината сезона, се проби во првиот тим на Реал и донесе голем интерес, но според зборовите на неговиот агент пресуди желбата да го продолжи патот во кралско – белата гарнитура.
„Имавме доста понуди во текот на изминатата година, но Марко секогаш нагласуваше дека е среќен во редовите на мадридскиот клуб. Реал имаше понуда во висина од 180 милиони евра, но глатко ја одбија“, изјави Хорасио Гагиоли, агентот на Шпанецот за ЕСПН.
Офанзивецот, иако макар во оваа сезона не успеа да ја оправда довербата на Перез и компанијата, на 27 натпревари во Ла Лига, Асенсио забелеаж само еден погодк и шест асистенции.
Меѓутоа, Зидан некокупати изјави дека има доверба во својот играч истакнувајќи дека таква лева нога не видел уште по Меси.
Останува да се види како ќе се развива ситуацијата на Шпанецот на „Бернабеу“, за потсетување има 23 години и договорот со Мадриѓаните му важи до 2023. година.