Што мисли Ракитиќ за пристигнувањето на Пјаниќ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иван Ракитиќ беше меѓу првите што му честиташе на Миралем Пјаниќ за трансферот во Барселона.

Во изминатите месеци босанскиот фудбалер беше во нон-стоп во медиумите поради трансферот во Барселона, што на крајот се случи, а на „Камп Ноу“ неговиот соиграч ќе биде Иван Ракитиќ, кој веднаш му се стави на располагање.

Сега, Хрватот зборуваше за пристигнувањето на Пјаниќ во Барселона за Вечерњи и откри што значи тоа за неговиот статус.

“Пред се јас сум многу среќен, секако веднаш го контактирав Миралем и му честитав. Веднаш се ставам на располагање, што и да треба, јас сум тука. Горд сум што човек од нашиот регион ќе дојде повторно во Барселона. Тој ќе ја има мојата поддршка. Заедно ќе се бориме за доброто на сите нас “, рече Ракитиќ во интервјуто за „Вечерњи“, а потоа додаде:

“И фактот дека тој е мој конкурент во тимот не менува ништо во ситуацијата. Најдобрите играчи секогаш се добредојдени. Пјаниќ е меѓу најдобрите и ќе има поддршка од мене и сите мои соиграчи”, рече 32-годишниот играч на хрватската репрезентација.

Треба да потсетиме дека трансферот на Пјаниќ од Јувентус во Барселона чинеше 60 милиони евра. Со тоа стана и најскапиот играч од БиХ на сите времиња.