Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Паузата во фудбалот направи хаос во финансиите на најбогатите клубови на планетата. Иако сите знаеја дека ќе има криза, сепак никој не очекуваше дека ќе биде толку многу сериозна.
Меѓународниот институт за фудбалска статистика (ЦИЕС) го објави последното истражување, кое покажува дека фудбалската индустрција е жестоко погодена, а дека поради тоа што нема натпревари и што договорите нема да бидат продолжени до крајот на јуни – се случил голем пад во вредноста на фудбалерите.
ЦИЕС објави дека има и други фактори кои влијаеле на цената, па вкупната вредност паднала за неверојатни 28%, односно од 32,7 милијарди евра на 23,4 милијарди.
Од сите тимови, најголем процент на загуба се гледа кај Олимпик Марсеј, чија вредност паднала за дури 38%, одека најдобро се држи друг тим од франциската Лига 1 и тоа Брест.