Што се случува на Ролан Гарос: Петра Квитова се повлече од турнирот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чешката тенисерка Петра Квитова се повлече денеска од Отвореното првенство во Франција поради повреда на левата рака.

„Многу сум разочарана што морам да соопштам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Имам болки во левата подлактица веќе неколку недели, а вчерашниот преглед на магнетна резонанца покажа дека мускулот е скинат и не смеам да играм денеска“, напиша Квитова на Твитер.

Шестата тенисерка во светот одлуката за повлекување ја соопшти неколку часа пред да го почне дуелот против Романката, Сорана Кирстеа, па таму ќе ја замени 18-годишната Каја Јуван од Словенија.

Претходно од турнирот беше елиминирана уште една од фаворитките, Анџелика Кербер и тоа беше голема сензација во Париз.