Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Легендарниот Роберт Левандовски е во последната година од договорот, но не брза со одлуката за продолжување на кариерата.
Тој говореше за медиумите по нерешениот резултат помеѓу Полска и Холандија, и секако неговата иднина беше едно од прашањата.
„Сосема сум смирен. Сè уште не знам каде ќе бидам или што ќе сакам за неколку месеци. Но, не морам да брзам, имам доволно време да размислам и да донесам најдобра одлука. Наскоро ќе одлучам, но знам дека ќе зависи од многу фактори, не само спортски, туку и емоционални”, рече Левандовски.
Инаку, се шпекулира дека Барселона е подготвена да тргне по Хари Кејн, на ист начин како и со Левандовски – една година пред истекот на договорот со Баерн Минхен.
Каталонските медиуми ја потврдија веста од англискиот Гардијан дека Кејн е избран како најреална опција. Ерлинг Халанд е нереална желба на Жоан Лапорта, исто како и Хулијан Алварез, кој Атлетико Мадрид нема лесно да го пушти во редовите на големиот ривал.















