Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не можеше да каже дали ова е последниот Мундијал во кариерата на Лионел Меси.
Аргентина и Шпанија во недела од 21.00 часот во Њујорк ќе играат во финалето на СП, а неизбежна тема беше и Лионел Меси, кој со 39 години може да го одигра последното Светско првенство во кариерата.
“Не знам дали ова му е последниот Мундијал. Тоа мора да го прашате него. Никогаш не престанува да не изненадува,” изјави Скалони.
На крајот емоционално говореше за капитенот на Аргентина и генерацијата која во последните години донесе големи успеси на националниот тим.
“Меси е чиста историја, легенда на светскиот фудбал. Горд сум што имам можност да работам со него. Да се дојде до финале на Светско првенство на 39 години е неверојатен успех. Оваа генерација ни донесе незаборавни години. Без разлика на исходот на финалето, она што го направија засекогаш ќе остане запишано во историјата. Им сме вечно благодарни”, заклучи Скалони.
















