Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот играч на Шалке, Коке кој пристигна од Севиља денеска сериозно се повреди.
Шалке денеска во пријателски натпревар ја совлада Болоња со 2:1.
Коке вчера пристигна во клубот и овој трансфер тимот на Шалке го чинеше 4 милиона, денеска за прв пат заигра и се повреди во текот на дуелот со Болоња и од анализите после натпреварот се утврди дека станува збор за сериозна повреда.
Коке ќе биде надвор од терените 6 месеци.
Ова е голем проблем за Шалке. Слична ситуација како и со Насташиќ кој скоро и да не заигра минатата сезона.