Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов вчера постигна еден гол и две асистенции за Штутгарт, кој не сака да го пушти да замине, иако имаше шпекулации дека можен е трансфер во Шалке 04.
Директорот на Штутгарт, Свен Мислинтат кажа дека опцијата за заминување на Чурлинов е затворено прашање и тој нема да се врати во Шалке.
„Имаше опција Дарко да оди во Шалке, но сега можам да кажам дека таа приказна е завршена“, кажа директорот.
Чурлинов минатата сезона постигна два гола и четири асистенции со кои му помогна на Шалке да се врати во елитата, а сега се наоѓа во одлична форма пред почетокот на сезоната со Штутгарт.