Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јавноста и понатаму не знае многу детали за состојбата на Михаел Шумахер, легендарниот возач во Формула 1, кој имаше тешка несреќа во 2013 година.
Еден од ретките кои имал можност да го види Шумахер е неговиот поранешен близок соработник Жан Тод.
Актуелниот претседател на ФИА беше прв човек на Ферари, додека Шумахер владееше во спортот, а сега во едно интервју откри детали за здравствената состојба на возачот.
„Редовно го посетувам Шумахер, заедно гледаме ТВ. Неговата борба тече понатаму, заедно со членовите на семејството“, вели Французинот.
Шумахер на 29 декември 2013 година имаше тешка несреќа на Алпите кога при скијање си ја удри главата.