„Шумахер ќе биде среќен ако Хамилтон освои титула со Ферари“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон од следната сезона ќе вози за Ферари, а за тоа свој коментар имаше Џанкарло Физикела.

Поранешниот возач во Формула 1 смета дека Михаел Шумахер би бил среќен ако Луис Хамилтон освои титула со Ферари.

„Шумахер би бил среќен ако Хамилтон вози за Ферари и освои титула. Знам дека Шумахер беше одличен лидер на тимот. Не знам во моментов во каква ситуација е, но му посакувам сè најдобро“, кажа Физикела.