Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Михаел Шумахер, седумкратен светски шампион во Формула 1, повеќе од десет години живее далеку од очите на јавноста поради тешката несреќа при скијање во 2013 година во францускиот Мерибел. Неговата здравствена состојба и понатаму е обвиена со тајна; легендата на Формула 1 не може да зборува, а нема ниту потврда дека може да оди.
Како што пишува Daily Mail, францускиот новинар од L’Equipe, Стефан Л’Ермит, открил за RTL дека се појавил „позитивен знак“. Имено, Шумахер претходно оваа година потпишал кацига за добротворен настан, и тоа со помош на сопругата Корина. „Не знаеме дали му ја придржала раката, но ова е прв пат по долго време да се појави конкретен траг од неговото учество,“ рече Л’Ермит.
И покрај тој симболичен чин, Шумахер сè уште бара постојана нега и може да комуницира само ограничено. „Ситуацијата е многу тажна. Целосно е зависен од своите негуватели, а пристап имаат само блиските членови на семејството,“ изјави германскиот новинар Феликс Горнер.
Шумахер, еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1, освои седум шампионски титули и запиша 91 победа во кариерата која обележа цела една ера на автомоспортот.