Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарските професионални фудбалски тимови добија дозвола да тренираат за првпат од прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот.
Од 20 екипи од првите две дивизии на Швајцарија, тренираа само Сент Гален и Грашоперс, додека сите останати беа небезбедни, па и понатаму не почнале со тренинзи.
Швајцарскиот парламент реши да почнат натпреварите на 8 јуни, но Швајцарската фудбалска лига соопшти дека тоа зависи од резултатот на разговорите со Владата.
Фудбалскиот сојуз на Швајцарија мора да донесе одлука до 29 мај, но малку е веројатно дека лигата ќе продолжи пред 20 јуни.
Останатите клубови ќе чекаат до 18 мај пред да почнат со тренинзите, а дел од тимовите ќе почнат и на 25 мај со тренинг.