Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Швајцарска банка мора да плати казна од 80 милиони долари откако призна дека учествувала во перење на повеќе од 36 милиони долари мито исплатени на Светската фудбалска организација (ФИФА).
„Ројтерс“ објави дека третата најголема банка во Швајцарија ќе мора да плати 43,3 милиони долари, а ќе ѝ се одземат и 36,4 милиони долари за извршување трансакции во период од 2013 до 2015 година.
Во давање мито учествувале лица кои незаконски ги плаќале службениците од ФИФА за возврат да ги добијат правата за пренос на фудбалските натпревари.
„Банката им помагала на корумпираните службеници на ФИФА во перење на повеќе од 36 милиони долари“, објави американска служба.