Швајнштајгер ја предупреди Португалија: Македонија е незгоден противник!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Поранешниот германски фудаблер Бастијан Швајнштајгер испрати предупредување до Португалија да не ја потценува Македонија, која вчера ја изненади Италија со 1-0.

Македонија многупати досега докажа дека станува збор за квалитетен тим и никогаш не треба да се потценуваат, а вчера во Палермо потврди дека некогаш во фудбалот нема фаворити.

Швајнштајгер испрати порака до Португалија дека Кристијано Роналдо и другарите мора да внимаваат во финалето.

„Очигледно вчера не им донесов среќа, Италија се извинувам. Македонија лани ја совлада и Германија, тоа е тежок противник“, напиша Швајнштајгер.