Швајнштајгер: Почит до Македонија, не добија чист пенал, но совладаа четирикратен светски шампион!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер објави твит по натпреварот помеѓу Германија и Македонија (1-2).

Швајнштајгер го призна поразот на Германија и ни честиташе за триумфот, а кажа и дека судиите не ни досудиле чист пенал.

„Моја почит до Македонија. Несреќен пенал против нив, а имаше и чист недосуден пенал за нив и овие момци успеаа да победат четирикратен светски шампион“, напиша Швајнштајгер.