Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Шведскиот репрезентативец Кристофер Олсон заврши во болница поради неидентификувана болест на мозокот, а информацијата ја објави неговиот тим Митјиланд.
Клубот испрати соопштение до јавноста по шпекулациите кои беа поттикнати поради отсуството на фудбалерот.
„Олсон боледува од акутно заболување на мозокот кое не е последица од некаква повреда. Шведскиот репрезентативец изгуби свест во својот дом во вторник на 20 февруари и беше хоспитализиран во Архус“, соопшти клубот.
Олсон во својата кариера играше за ФЦМ, АИК Стокхолм, Краснодар и Андерлехт.