Швеѓанецот во свој стил: Не сум во Милан затоа што сум – Ибрахимовиќ…


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ беше на прес-конференција откако стана нов фудбалер на Милан. „Росонерите“ го убедија да дојде на половина сезона со можност договорот да му биде продолжен.

Харизматичниот Швеѓанец треба да го врати гигантот во врвот, а на конференцијата имаше изјава во свој стил.

Новинарите го прашаа дали планира да остане до крајот на својата кариера во Милан.

„Никогаш не се знае, кога имате добар однос со сите, тогаш тоа е можно. Додека сум активен, барам предизвици и давам резултати. Не сакам да сум само фигура. Ако по шест месеци сум добар, тогаш ќе продолжиме. Не сум овде затоа што сум Ибрахимовиќ. Почнувам од почеток и морам да дадам резултати. Минатото не ми помага“, порача Ибрахимовиќ.