„Шверцери“ пееја песни против Србите и извадија знаме на УЧК (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Шкупи одигра добар меч против Динамо Загреб и остана непоразен (2-2), но навивачите на тимот од Чаир, „Шверцери“ се главна тема поради нивното навивање.

На трибината каде што се наоѓаа навивачите можеше да се забележи знаме на УЧК, песни против Србите, но и барање слобода за пиштолџијата од Мавровка, Цуфи Кока.

Српските медиуми го осудија потегот на „Шверцери“ и побараа реакција од страна на УЕФА поради транспарентите кои беа истакнати, но и за песните против Србија.