Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полската тенисерка Ига Швјонтек се одлучи на промени откако крајот на ноември беше позитивна на допинг-тест.
Втората тенисерка во светот беше позитивна на забранетата супстанца триметазидин (ТМЗ). Истражувањето на Меѓународната единица за интегритет (ИТИА) покажа дека причината за позитивниот резултат е контаминација на стандардната медицинска терапија која ја користела тенисерката.
Во нејзината одбрана, истакна дека не го внела ТМЗ намерно. Објасни дека нејзиниот доктор, инаку експерт по спортска медицина, и препорачал лек што требало да ги намали негативните ефекти од честите патувања, а таа не знаела дека лекот содржи спомнатата забранета супстанца.
На крајот беше привремено суспендирана од 12 септември до 4 октомври, по што и беше прифатена жалбата. Швјонтек за време на суспензијата ги оправдуваше отсуствата од тие турнири со различни причини – од умор, преку лични причини, до промени во стручниот штаб. Недолго по тоа, Швјонтек започна соработка со тренерот Вим Фисет, со кого ќе продолжи да работи, но и ќе има промени во нејзиниот тим.
Како што пренесува полскиот „Прото“, Ига одлучи од сега да не работи заедно со Паулата Волечка која беше задолжена за односите со јавноста. На нејзино место доаѓа Дарија Сулгостовска.