Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон вели дека шпанскиот шампион должи дури милијарда евра, а главна причина за тоа смета дека е продажбата на Кристијано Роналдо.
„Кралевите“ во претходните денови беа двапати поразени на домашен терен. Најпрво од Кадиз во Ла Лига со 0-1, па од Шахтер во Лигата на шампиони со 2-3.
„Поради глупавата продажба на Роналдо, тимот има потреба од напаѓач, како и засилувања на другите позиции. Сепак, тажната реалност е тоа што клубот должи милијарда евра. Поразите од Кадиз и Шахтер беа тажни за нас, но мора да останеме оптимисти, зашто овој тим имаше тешки моменти, но секогаш успеваше да биде посилен“, вели Калдерон.
Калдерон беше на чело на клубот од Мадрид во период од 2006 до 2009 година.