Си потпиша „исписница“: Фудбалер на Челси имал сообраќајка и завршил во затвор!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Дени Дринквотер бил уапсен откако предизвикал сообраќајна несреќа во алкохолизирана состојба.

Овој 29-годишен фудбалер бил на забава, а потоа тргнал кон својот дом, но притоа направил сообраќајка кога неговиот Рејнџ Ровер удрил во Шкода.

Дринквотер во автомобилот бил со една девојка, која ја запознал на забавата, а парот заработил помали повреди, како и возачот на Шкодата.

Еден сведок ги открил сите детали од несреќата.

„Дени се забавува како луд во последно време, но се надеваме дека ова ќе го натера да се забави“, вели сведокот меѓу другото.

Од полицијата соопштија дека Дринквотер бил уапсен поради сообраќајка додека возел пијан, па сега се работи на расветлување на случајот.