Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Познатиот напаѓач и еден од најдобрите германски фудбалери во историјата, Уве Зелер почина денеска на 85-годишна возраст во неговиот дом.
Зелер е фудбалска легенда во Германија, а ќе остане запаметен по неговите настапи во ХСВ за кој одигра 580 натпревари и постигна 490 голови.
Во Бундеслигата настапи на 239 меча, при што погоди 137 пати, а трипати беше прогласен за најдобар фудбалер во Германија.
За германската репрезентација одигра 72 натпревари и постигна 43 погодоци.