Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Силекс ги заврши настапите на европска сцена откако со 2:0 беше поразена на домашен терен од косовска Дрита.
Двата гола паднаа во вториот дел, а стрелци на истите беа Гербеши кој погоди од белата точка и Лимани.
Ова е втор пораз за Силекс во европските натпреварувања ова лето откако претходно со 4:0 загубија од Карабах во квалификациите од Лигата на шампионите.
Пораз денес претрпе и Ренова од Хајдук, па така сега единствен македонски претставник останува Шкендија која во следното коло ќе се соочи со Тотенхем.