Силекс го совлада Шкупи, Работнички подобар од Македонија ЃП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите на Силекс остварија триумф од 2-1 против Шкупи, додека Работнички славеше на гости кај Македонија Ѓорче Петров со 1-0 во 14. коло од Првата лига.

Сите три гола во Кратово беа постигнати во првото полувреме, а до водство најпрво стигна екипата од Чаир преку Кристијан Тарапановски.

Дефанзивецот Милош Николиќ искористи една одбиена топка и во 18. минута погоди за 1-1, додека пресвртот го комплетира Антонио Каланоски во 40. минута од натпреварот.

Шкупи во завршницата од натпреварот остана и со фудбалер помалку, откако стоперот Дарко Илиески доби црвен картон.